„Нинџата“ мора да паузира, Пелистер со Брестовац во тимот против Магдебург

Пелистер ќе стори се за да ги замрси сметките на европскиот првак Магдебург на вечерашниот дуел во Битола, но македонскиот шампион се соочи со неочекуван проблем непосредно пред овој дуел.

Имено, битолчани попладнево објавија дека тренерот Гарабаја во тимот ќе го нема Саид Хаидарирад, иранскиот голман кој имаше добри настапи во ЛШ сезонава, но вечерва поради болест нема да може да им помогне на соиграчите.

„Саид Хаидарирад поради вирус ќе го пропушти вечерашниот натпревар“, објави Пелистер.

На негово место шанса ќе добие младинскиот репрезентативец Давид Брестовац, кој ќе со сочинува голманскиот тандем заедно со незаменливиот Никола Митревски.

Се вчитува...