Нишикори го менува повредениот Дел Потро во Лондон

Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро поради повреда на коленото се повлече од АТП финалето во Лондон, а негова замена ќе биде Кеи Нишикори.

Јапонецот им се приклучува на Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Зверев, Андерсон, Чилиќ и на Тим меѓу осумте најдобри кои ќе се борат на завршниот турнир од сезоната.

Дел Потро на турнирот во Лондон последен пат играше во 2013 година, но оттогаш повредите постојано го спречуваа да биде меѓу учесниците на завршницата.

Турнирот во Лондон во „О2 Арена“ ќе се одржува од 11 до 18 ноември.

 

 

 

 

Се вчитува...