Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори е вториот финалист на турнирот во Монако, откако го совлада Александер Зверев со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-4). Тој во финалето ќе го предизвика бранителот на титулата, Рафаел Надал.
Нишикори успеа да се врати во овој меч и да стигне до триумф, иако го загуби првиот сет со 6-3. Но, возврати во вториот со идентична мера, а во решавачкиот по голема борба славеше со 6-4 во гемови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА