Младиот фудбалер Ансу Фати е најголемото изненадување во фудбалска Европа на стартот на новата сезона, откако поради многуте повреди во Барселона доби шанса, која ја искористи на најдобар можен начин. 16-годишниот напаѓач постигна два гола во Ла лига, а запиша и настап во Лигата на шампионите.
Многу веруваат дека тоа што Фати стигна до првиот тим на Барселона е случајност и чиста среќа. Сепак, тој си поставил цел уште минатата година да биде дел од екипата заедно со Меси и останатите ѕвезди на Каталонците. Шпанските медиуми пронајдоа видео на младиот фудбалер каде тој напорно тренира, а неговиот приватен тренер уште тогаш изјавил дека тој е подготвен да биде дел од најдобрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА