Ги поздрави навивачите со кренати палци завршувајќи го многу веројатно последниот натпревар во Премиер-лигата. Еден Азар по дуелот од завршното коло на Челси потврди дека очекува да биде постигнат договор за негов трансфер во Реал Мадрид.
„Јас мојата одлука ја донесов. Тоа што Челси ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона нема да ме предомисли. Очекував дека досега работата ќе биде завршена. Но еве чекам исто како и медиумите и како навивачите“ – изјави белгискиот репрезнтативец.
Преговорите меѓу Челси и Реал Мадрид траат веќе извесно време. Лондонскиот клуб за Азар бара 130 милиони евра.
Навивачите пак уште се надеваат дека тој ќе се предомисли и најмалку ќе го заврши договрот кој му е до 2020 година. Тие со транспарент го повикаа да остане во Лондон.
„Еден Азар има сина крв. Челси е твојот дом“ – му порачаа навивачите на Белгиецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА