Светската фудбалска организација ФИФА сака да ги промени правилата околу изведувањето на пеналите, односно по промашените удари од 11 метри на фудбалерите.
Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации има намера да ги измени правилата, со тоа што по одбрана на голманот, играчите нема да може да натрчаат на одбиена топка и да ја сместат во голот.
Ако голманот успее да го одбрани пеналот, тогаш ќе се досуди гол-аут. Нејасно е што ќе се случи доколку топката ја погоди стативата или пречката, и се врати во теренот.
Предложено е правилото да се воведе од сезоната 2026/27, но за такво нешто е потребно одобрение од Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации. Исто така шефот на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина е поддржувач за оваа иновација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

