Без голови на мечот во Битола помеѓу Пелистер и Тиквеш. Двата тима освоија по бод, и ова беше прв бод за новите тренери на двата тима Милан Стојаноски и Борче Христов.
Натпреварот не изобилувше со сериозни шанси. Пелистер ја имаше иницијативата, но освен ударот на Спировски од прекин кој го одбрани Стевковски, не создаде ниту една друга прилика. Од друга страна истото се однесува и за Тиквеш, а најдобрата прилика ја имаше Мишов кој не реализираше.
Двете екипи влегоа во мечот по порази од Силекс на гостински терен, односно Тиквеш од Арсими дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

