Холандија триумфално го стартуваше настапот на ЕВРО 2024 откако по голема борба славеше над Полска со 2-1. „Лалињата“ премногу се мачеа да го скршат отпорот на ослабениот ривал (настапи без Левандовски и Милик), а улогата на херој му припадна на Јан Вехорст, корпулентниот напаѓач кој повторно како и на СП во Катар беше „џокер“ на „лалињата“.
Дуелот почна со одбрана на Шчесни по обидот на Гакпо, но десетина минути подоцна Полска го шокираше фаворитот откако Адам Букса се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и по корнерот на Зиелински ја доведе своајта репрезентација во водство. Холанѓаните се консолидираа и успеаја да стигнат до заслужено израмнување преку Гакпо, асот на Ливерпул шутираше силно од триесетина метри, топката закачи еден од противничките фудбалери и заврши зад грбот на Шчесни.
Второто полувреме стартуваше со голема шанса што не ја искористи Чави Симонс, а како што одминуваше времето така Полска се повеќе добиваше на сигурност во својата игра. Куман во 81. минута го уфрли Вегхорст на местото на стрелецот Гакпо, а само две минути подоцна овој фудбалер одлично се снајде постигнувајќи го голот за победа.
Полјаците тргнаа на се или ништо во финишот, упатија неколку опасни удари, но холандскиот голман Фербруген беше расположен, чувајќи ја својата мрежа и трите бода за „лалињата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА