Ништо ново: Премиерлигашите се рекордери во зимскиот преоден рок

Клубовите од англиската Премиер лига потрошија рекордни 815 милиони фунти во зимскиот преоден рок, покажуваат резултатите од анализата на ревизорската куќа „Deloitte’s Sports Business Group“.

Најмногу потрошил Челси 37 отсто од вкупниот број, повеќе од комбинираните трошоци на сите клубови во Бундеслигата, Примера дивизион, Серија А и Лига 1.

Лондонскиот клуб, кој моментално е десетти на табелата во Премиер-лигата, го урна британски рекорд од 106,8 милиони фунти (121 милион евра) за Аргентинецот Енцо Фернандез, кој го доведе во последниот ден од преодниот рок од Бенфика.

Трошењето на водечките англиски клубови е речиси три пати поголемо од јануари минатата година. Во текот на целата сезона 2022/2023 тие клубови потрошиле 2,8 милиони фунти за трансфери на играчи, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,9 милиони фунти од сезоната 2017/18. Бормут кој е во зоната на испаѓање, е вториот најголем трошач во Премиер-лигата.

Се вчитува...