Ништо ново: Роналдо не доаѓа на церемониите ако не е победник

Кристијано Роналдо продолжува со својата стара навика да не се појавува на церемониите за најдобар фудбалер доколку тој не е главен лауреат на вечерта. Токму затоа, португалскиот ас нема да биде дел од светската елита на вечерашниот собир во Париз, каде „Франс фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“ за 2019 година.

Организаторот реши да не ги објавува имињата на тројцата фудбалери со најмногу гласови, се со цел што поголем дел oд големите „ѕвезди“ да бидат дел од церемонијата. Ваквата новост вроди со плод, најавено е доаѓање на дваесетина од 30-те финалисти, но меѓу нив нема да биде Роналдо, кој веќе не се појави на годинешното доделување на наградите на УЕФА (главната награда ја освои Ван Дајк) и на ФИФА (главен лауреат беше Меси).

Кристијано не беше дел ниту од ланската гала-вечера на „Франс Фудбал“, на која наградата за најдобар светски фудбалер за 2018 година му припадна на Лука Модриќ.

Се вчитува...