Ништо ново – Шифрин најдобра и на „Слијеме“

Најдобрата алпска скијачка на денешницата Американката, Микаела Шифрин стигна до 81. победа во Светскиот куп откако вечерва славеше и на слаломската трка на „Слијеме“.

Американката до победата стигна со вкупно време од 1:36.42 минута што беше за огромни 76 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Петра Влхова од Словачка. Подиумот го надополни Швеѓанката, Ана Свен Ларсон со 1.21 секунда зад времето на победничката.

Утре на Слијеме ќе се вози и втората слаломска трка.

Се вчитува...