Српскиот великан Црвена звезда го забележа и шестиот пораз во кошаркарската Евролига откако вечерва на домашен терен беше убедливо поразена од Панатинаикос со 76-89.
Гостите подобро го отворија мечот и веќе по десет минути имаа солидна позитива од девет поени (20-29). До полувремето успеаја само за еден поен да ја зголемат позитивата и на пауза да заминат со двоцифрена предност (41-51).
Во вториот дел избраниците на Атаман само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 76-89. Поранешниот кошаркар на Партизан, Матијас Лесор со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени завршија Давидовац и Недовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА