По примерот на Шпанија – Германија и на Португалија – Франција вчера, и денеска денот почна со продолженија. Англија и Швајцарија одиграа 1-1 во регуларниот дел, па ќе играат дополнителни 30 минути низ кои ќе се бара победникот.
Во здодевен меч, битката се разгоре во последните 15 минути, кога Емболо по една грешка во одбраната успеа да му донесе предност на швајцарскиот национален тим, и да ја стави Англија во многу незавидна позиција.
За среќа, Англичаните брзо вратија, односно во 80. минута преку Сака, кој успеа да израмни и така да ја спаси Англија повторно од елиминација. Воедно, тоа за Англија беше првиот и единствен удар во рамките на голот на Зомер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА