Ракометарките на унгарски Ѓер се закитија со нов трофеј во Лигата на шампионките, и практично го одбранија освоениот минатата сезона. Во финалето во Будимпешта, Ѓер ја совлада екипата на Оденсе со 29-27.
Унгарскиот тим се стекна со голема предност од 20-15 уште по првиот дел. Од почетокот до крајот Ѓер имаше предност, и на крајот заслужено се радуваше на својот седми пехар во ова натпреварување во историјата.
Драма имаше само во финишот, кога данскиот тим стигна до -2, но Ѓер успеа да ја задржи предноста и на крај да се радува на освојување на пехарот.
Третото место му припадна на тимот на Есбјерг кој во малото финале го совлада Мец со 30-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

