Ништо ново за одлуката на Мбапе и по синоќешната средба со Макрон

Пропадна можеби и последната надеж на навивачите на ПСЖ дека Килијан Мбапе би можел да остане во Париз и натаму да го носи дресот на „Светците“. Последната надеж беше францускиот претседател Емануел Макрон, кој барал да се сретне со Мбапе и да го убеди да остане во Франција. Но, тоа нема да се случи.

Според инсајдери во преговорите, Мбапе не остапил од намерата да си замине од ПСЖ на крајот на сезоната. Иако се очекуваа поинакви вести по синоќешната средба со Макрон, сепак, тоа нема да се случи. Веќе еднаш, во 2022 година Макрон издејствува Мбапе да остане во ПСЖ, но овој пат тоа нема да успее.

Некои медиуми пишуваат дека воопшто не станало збор за таа тема, туку Мбапе бил специјален гостин на вечера која ја приредил Макрон при постета на емирот од Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Кога Мбапе, Макрон и Ал-Тани се појавија пред камерите, претседателот во шега изјави: „Сега ќе ни правиш повеќе проблеми“.

Се вчитува...