Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, како што ја заврши минатата, така ја почна новата година на АТП турнејата. Тој неочекувано доживеа пораз во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн од Американецот, Рајли Опелка.
Ѓоковиќ одигра слаб меч, какви што беа поголемиот дел од тие во 2024 година. Американецот на крајот стигна до победа од максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.
Опелка во полуфиналето ќе игра противв Французинот, Мпеши Перикард, додека Ѓоковиќ веќе утре ќе замине за Мелбурн каде за недела и половина го очекува стартот на Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА