Работнички утре патува за Анталија, а се уште го нема дефинирано ростерот за пролетниот дел од сезоната. Јасно е дека најмногу недостига напаѓач, а пропадна и можноста Марјан Алтипармаковски да се врати во својот поранешен клуб. Тој си замина од Интер Запрешиќ, имаше најави од раководството на „романтичарите“ дека се наоѓаат пред договор за негово враќање во Дебар Маало, но денеска сепак не дојде до успешно финиширање на преговорите.
Сега во игра одеднаш би можел да влезе Пелистер, кој претходно на Работнички му го „украде“ и Баже Илијоски. Тој е дете на Пелистер, а последен пат играше во „зелениот“ дрес во 2013 година, кога на 18 натпревари постигна три погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА