Легендарниот шпански фудбалер Чави Хернадез ќе биде тренер на Ал Сад и во сезоната 2020/2021. Иако се споменуваше дека би можел да се врати во Барселона и да стане тренер на тимот, од тоа сега засега нема да биде ништо.
Чави останува и следната сезона на клупата на Ал Сад, со кој стигна до полуфиналето на азиската Лига на шампиони. Шпанците пренесуваат дека Чави ја одбил Барселона бидејќи Бартомеу нема да му даде „одврзани раце“ околу носењето на нови фудбалери.
OFFICIAL: Xavi has been renewed as Al-Sadd manager for the 2020-21 season ✍️ pic.twitter.com/BmaGDTsBEf
— B/R Football (@brfootball) July 5, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

