Барселона понуди 30 милиони евра за десниот бек на Бенфика, Нелсон Семедо. Според португалските медиуми, Семедо е сега приоритет на каталонскиот тим, откако не успеаја да го договорат ангажманот на Белерин од Арсенал.
Семедо имаше фантастична сезона во португалското првенство, одигра вкупно 47 натпревари во сите конкуренции и имаше импресивни 12 асистенции во дресот на Бенфика. Тоа секако го знае и Ернесто Валверде, новиот стратег на Барселона. Но, клубот од „Камп Ноу“ ќе има и голема конкуренција за ангажман на Португалецот.
За него се интересира и Манчестер јунајтед. Иако „ѓаволите“ значително ја ослабнаа одбраната на Бенфика со ангажманот на Линделоф, Мурињо е подготвен да „украде“ уште еден играч од задната линија на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА