Фудбалската Федерација на Украина се реши да го именува Сергеј Ребров за нов кормилар на националниот тим во квалификациите за ЕП 2024, во кои Украинците се наоѓаат во иста група како и селекцијата на Македонија.
Пред извесно време се шпекулираше дека најблиску до селекторското место е Славен Билиќ и дека Хрватот дури и се понудил бесплатно да ја води оваа репрезентација, но таа опција не се реализираше. На крајот изборот падна врз Ребров, кој во наредните денови и официјално ќе потпише тригодишен договор.
Поранешниот голгетер, кој блескаше во тандем со Андриј Шевченко во дресот на Динамо Киев, во моментов работи како тренер во Ал Алин во Обединетите Арапски Емирати, а претходно имаше ангажмано и во Динамо Киев, Ал Ахли и во Ференцварош.
Ребров своето деби на клупата на Украина ќе го има токму на дуелот со Македонија, закажан за 16 јуни во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

