Макаби е на добар пат да го реши тренерското прашање потпишувајќи договор со Невен Спахија. Хрватскиот стручњак последните неколку сезони ги мина како дел од стручниот штаб во Атланта хоукс, но сега е подготвен за камбек во европската кошарка по понудата што ја доби од раководството на израелскиот гигант.
Директорот на Макаби, Никола Вујчиќ, кој своевремено соработуваше со Спахија во хрватската репрезентација, лично отпатувал во САД на финални разговори со овој врвен стратег. Спахија во сезоната 2006/07 беше помошен тренер во Макаби, па овој трансфер ќе претставува негово враќање на клупата на израелскиот кошаркарски гигант.
Хрватот беше втора опција за тренер на израелскиот џин, откако претходно пропаднаа преговорите со Дејвид Блат, кој реши да остане на клупата на Дарушафака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА