Ништо од братскиот дуел Белингем во 1/4 финалето

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе играат меѓу себе во 1/4 финалето на Светското клупско првенство. Тоа требаше да биде првиот братски дуел на Белингем во историјата, откако Џоб Белингем пред неколку недели му се приклучи на тимот на „милионерите“.

Меѓутоа нема да има братски дуел, со оглед дека Џоб нема да настапи на натпреварот поради суспензија. На мечот со Монтереј, помладиот од браќата Белингем заработи жолт картон, што значеше суспензија за него, и нема да игра против неговиот брат, кој исто така во минатото го носеше дресот на Борусија.

Двајцата потекнуваат од фудбалската школа на Бирмингем, а потоа Џуд преку Борусија стигна до Реал Мадрид, додека Џоб преку Сандерленд, го облече дресот на „милионерите“.

Се вчитува...