Ништо од Димитријевиќ, Црвена Звезда ангажираше Американец со НБА искуство (ФОТО)

Црвена Звезда продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. Последен кој му се приклучи на белградскиот гигант е Џејлен Адамс. Американецот има НБА искуство носејќи го дресот на Атланта и Милвоки, а во Србија доаѓа како МВП на австралијанското првенство.

Опција за актуелниот шампион на АБА лигата беше и македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, но на крајот одлучи за 188 сантиметри високиот бек кој претходната сезона го предводеше Сиднеј Кингс до титула со просек од 20.1 поен, 6.1 асистенција и 5.1 скок по натпревар.

 

Се вчитува...