Ништо од драконска суспензија за Јабуселе

Жерсон Јабуселе беше главниот виновник за хаосот што настана во финишот од мечот меѓу Реал МАдрид и Партизан, бидејќи по неговата бруталност врз Данте Егзум страстите дополнително се разгореа, а играчите од клупите на двата тима влетаа на теренот.

Се најавуваше драконска суспензија од една до четири години, но наместо тоа центарот на Реал мина со само пет меча неиграње во Евролигата, преблага санкција ако се земе во предвид стартот со кој можеше и да му ја заврши предвреме кариерата на Данте Егзум.

Од таборот на Реал Мадрид казнет е уште и Габриел Дек, кој ќе го пропушти првиот од двата натпревари во Белград.

Само за потсетување, Кевин Пантер од Партизан беше казнет со два, а Матијас Лесор со еден меч неиграње за своето учество во големиот инцидент.

Се вчитува...