Ништо од Фабрегас: Баер Леверкузен има нов фаворит за тренер

Баер Леверкузен е во потрага на нов тренер кој ќе го замени Чаби Алонсо, кој по завршувањето на сезоната заминува на кормилото на Реал Мадрид. Се споменуваше дека би можел Цеск Фабрегас од Комо да го замени, но таа опција пропадна затоа што прво Шпанецот нема намера да замине, а се споменува и за клупата на неколку англиски клубови, меѓу кои и Тотенхем.

Затоа сега прв приоритет за Леверкузен е ангажман на сегашниот тренер на Монако, Ади Хитер. Хитер има договор до 2027 година, но клубот е подготвен да плати отштета за да го добие на клупата.

Тој веќе работеше во Бундеслигата, во Борусија Менхенгладбах и во Ајнтрахт Франкфурт. Две сезони додека беше во Ајнтрахт беше прогласуван за најдобар тренер на германското првенството.

Се вчитува...