Францускиот клуб Лион ги стопираше преговорите со Ливерпул за продажба на офанзивецот Набил Фекир. Клубот испрати официјално соопштение до јавноста со кое потврди дека вечерва се стопирани разговорите со англискиот премиерлигаш.
Веќе подолг период Ливерпул е заинтересиран за ангажман на Фекир, а во текот на денешниот ден се појавија и информации дека фудбалерот ги минал лекарските прегледи и се очекува финализација на договорот со англискиот клуб. Ливерпул требаше да плати 57 милиони фунти за ангажман на еден од најдобрите играчи на Лион. Сепак, сега преговорите меѓу двата клуба се прекинати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА