Сегашните мерки за сузбивање на инфекцијата со Ковид-19 во Кина доведоа до тоа дека дури и во 2023 година нема да може да се одржи Формула 1 трка во Шангај.
Организаторите на престижното првенство се надеваа дека за прв пат од 2019 година караванот ќе може да се врати во најнаселената земја во светот, но сега на календарот повторно има „само“ 23 трки. Раководството на Формула 1 разговара за можни замени.
Во Кина се уште е на сила „нултата политика кон КОВИД“, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на „Меѓународната патека во Шангај“ се строго забранети.
Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1 од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу ГП на Австралија и ГП на Азербејџан. Прв фаворит за место на календарот е португалската патека Портимао, но според достапните информации раководството на Ф1 не бара замена по секоја цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА