Ништо од историја за Бостон: Мајами ќе го предизвика Денвер во финалето на НБА (ВИДЕО)

Мајами Хит ќе го предизвика Денвер Нагетс во финалето на НБА лигата, откако синоќа во мајсторката од финалната серија во Источната конференција славеше на гостувањето кај Бостон Селтикс со 84-103.

Селтикс иако од негатива од 0-3 успеаја да стигнат до израмнување 3-3, не станаа единствениот тим кој успеал да се врати од ваква негатива во историјата на лигата.

Џими Батлер со 28 и Келеб Мартин со 26 поени беа први имиња во таборот на „жешките“, додека кај поразените Џејлен Браун заврши со 19 поени.

 

Се вчитува...