Ништо од Италија, Перишиќ се сели во Холандија?

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ еден месец е во потрага по нов клуб, а наголемо се шпекулира за неговата иднина. Откако го напушти Хајдук, како слободен агент бара нов ангажман.

Беше поврзуван со италијанскиот Комо, викендов се пишуваше дека е блиску до потпис со Монца, но според последните информации, тој ќе се пресели во Холандија. ПСВ е заинтересиран за неговите услуги и се очекува во текот на идните неколку дена ќе го комплетира трансферот.

Холандскиот тим сака да го прошири ростерот на тимот кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а Перишиќ барем во првиот дел од сезонав би бил адут само во холандското првенство, ако се знае дека списокот на пријавени играчи за ЛШ уште пред десетина дена беше доставен до УЕФА.

Се вчитува...