Веќе неколку години се зборува за евентуално заминување на Диего Симеоне од позицијата шеф на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, но ништо нема да произлезе од тоа, барем засега.
Претседателот на црвено-белите од Мадрид, Енрике Серезо, ги негираше разните гласини за евентуалното заминување на Диего Чоло Симеоне од таборот на „јорганџиите“.
„Диего Симеоне сигурно ќе продолжи со нас и следната сезона“, кратко изјави првиот човек на Атлетико.
Договорот со тренерот со најмногу трофеи во историјата на Атлетико истекува во јуни 2027 година. Во изминатите неколку дена се споменуваше дека Јирген Клоп би можел да го замени на лето, но тоа брзо беше демантирано од агентот на поранешниот стратег на Ливерпул и Борусија Дортмунд.
Атлетико Мадрид чека борба за првиот трофеј по пет години, бидејќи ќе игра против Реал Сосиедад во финалето на Купот на кралот на 18 април во Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

