„Ништо“ од Комо и Интер во првиот меч, патникот во финалето ќе се одлучува на „Меаца“

Комо и Интер одиграа без голови на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Натпреварот изобилуваше со тврда игра на средината на теренот, голема битка меѓу двата тима, и без многу шанси.

Најсериозната ја имаше домашниот тим во 49. минута преку Ваље. Шпанецот шутираше, но топката профуче крај голот на Интер.

Сега следува реваншот на кој Интер како домаќин на „Џузепе Меаца“ ќе ја има фаворитската улога за пласман во финале, и можност за двојна круна со оглед дека тимот води на табелата во италијанската Серија „А“.

Се вчитува...