Ништо од Косово – Стадионот „974“ замина за Уругвај

Стадионот кој беше направен од 974 бродски контејнери за потребите на Светското првенство во Катар, ќе биде комлетно расклопен, тој нема да биде однесен во Косово како што велеа првите информации, туку ќе замине на друг крај од светот, во Уругвај.

Последните информации велат дека Катарците веќе го расклопиле „лего-стадионот“ и со бродови ќе биде пренесен во Уругвај кој заедно со Аргентина, Чиле и Парагвај е кандидат за домаќин на Светското првенство во 2030 година, каде што треба да се одбележи стогодишнина од првиот Мундијал во Монтевидео во 1930.

Кога ќе пристигнат бродските контејнери во Уругвај, домаќинот треба да го склопи стадионот и да го стави како дел од кандидатурата за СП.

Се вчитува...