Ништо од Мартинез, Евертон го назначи Фергусон за в.д. тренер

Легендата на Евертон, Данкан Фергусон е назначен за нов в.д. тренер на екипата за следните натпревари. Тој веќе ја презеде екипата од Рафаел Бенитез кој доби отказ од функцијата менаџер на „сините.

За Фергусон ова е втор мандат во Евертон како в.д., откако ги предводеше и во декември 2019 година.

Во комбинација беше и поранешниот тренер на екипата, Роберто Мартинез, кој сега е на клупата на Белгија, меѓутоа од белгиската фудбалска асоцијација не го пуштија Мартинез да замине. Исто така во комбинација беше и поранешниот играч Вејн Руни, како и екс менаџерот на Челси, Френк Лампард.

Се вчитува...