Европската куќа на ракометот (ЕХФ) донесе одлука реванш натпреварот од четвртфиналето во Европскиот куп меѓу Партизан и АЕК да се одигра во Бугарија.
Иако и главниот град на Македонија, Скопје беше во игра да биде домаќин на овој меч на крајот ЕХФ донесе одлука тој да се одигра во бугарскиот град Шумен на 7. април со почеток во 11 часот.
АЕК во првиот меч одигран во Атина славеше со 27-22, а вториот меч не го дочека својот почеток поради атмосферата во салата во Белград во која навивачите на домаќиниите во еден момент испукаа и топовски удари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА