Ништо од Милан и Јунајтед – Зијеш се враќа „дома“

Челси се мачи да ги доведе посакуваните засилувања, но лондонскиот клуб паралелно со тоа продолжува да се ослободува од оние играчи на кои Томас Тухел не смета премногу сериозно.

Микел Алонсо е на добар пат да се пресели во Барселона, а во наредните денови од „Стемфорд бриџ“ ќе си замине и Хаким Зијеш. За услугите на Мароканецот се интересираа Милан и Манчестер Јунајтед, но овие опции пропаднаа, па овој фудбалер сега е најблиску до камбек во Ајакс.

Холандскиот весник „Де Телеграф“ кој вообичаено важи за добро упатен во случувањата во Ајакс тврди дека веќе е постигнат договор со Челси, не наведувајќи дали станува збор за перманентен трансфер или позајмица. Според истиот извор, Зијеш во наредните денови ќе допатува во Амстердам, каде по лекарските прегледи ќе следи и потписот на договорот со Ајакс.

Се вчитува...