Ништо од Милан, Ренато Санчес на позајмица во Челси

Челси победи во трката за потписот на младиот португалски репрезентативец, Ренато Санчес. 19-годишниот фудбалер од средниот ред се сели во Лондон на едногодишна позајмица, а доколку ги оправда средствата, Челси ќе преговара со Баерн за комплетен трансфер. Португалските медиуми шпекулираат дека претставувањето на играчот ќе биде во следните неколку дена, англискиот првак најверојатно го чека Матиќ да потпише со Манчестер јунајтед.

Претеседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге истакна дека дури 10 клубови се заинтересирани за Санчес, се очекуваше да се пресели на „Сан Сиро“ и да биде дел од реновирањето на Милан, но негова желба беше да заигра во Премиер-лигата.

Јунајтед сакаше целосно да го откупи, односно да исплати 40 милиони за неговите услуги, но раководството на „баварците“ не планира да го продаде младиот фудбалер, единствена опција е позајмица со цел да добива поголема минутажа.

Се вчитува...