Оливие Жиру и следната сезона ќе биде дел од Челси откако искусниот француски напаѓач се одлучи да ја продолжи соработката со актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите уште една сезона. Жиру е третиот кој ја продолжи соработката со Челси денеска, а претходно тоа го направија тренерот Томас Тухел како и ветеранот Тијаго Силва.
Триесетичетири годишниот Французин е дел од тимот од „Стемфорд Бриџ“ од 2018 година, а и покрај тоа што оваа сезона не забележа преголем број на минути во синиот дрес се одлучи да ја прифати понудата од лондонскиот состав и покрај тоа што беше поврзуван со заминување во редовите на Милан.
Giroud contract extended. ?
— Champions of Europe ? (@ChelseaFC) June 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА