ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Нема интерес тука на Малта за натпреварот со Македонија. Иако беше најавено дека ќе има околу 5-6 илјади публика, на стадионот „Та Али“ има околу 2.000 гледачи.
Пола од публиката е за Македонија, односно македонски иселеници кои живеат и работат на Малта, а дел со летови од Скопје и од Ниш пристигнаа во Малта да дадат поддршка.
Едноставно, нема еуфорија на Малта за овој натпревар. Ниту пред стадионот немаше забележано никакви гружви за купување на билети. Едната трибина е резервирана за македонските фанови, но ниту таа не е докрај исполнета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА