Ништо од НБА – Ефес го задржа Шејн Ларкин

Бекот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, одлучи и следната сезона да ја помине во турскиот шампион, потврди генералниот менаџер Алпер Јилмаз.

Одличниот Американец имаше опција да се врати во НБА, но откако не доби адекватна понуда одлучи да остане во екипата со која минатата сезона играше финале во Евролигата. Ларкин ќе потпише нов двегодишен договор, со опција следното лето да премине во најсилната лига во светот.

27-годишникот во Евролигата запиша 35 настапи на кои просечно бележеше по 12.5 поени, 2.2 скока и 3.1 асистенција, додека на Ф4 турнирот беше најдобар поединец на турскиот гигант со просечен учинок од 29.5 поени, 4 скока и 4.5 асистенции.

 

Се вчитува...