Српскиот кошаркар Василије Мициќ сепак ќе остане во Европа и нема да премине во НБА лигата бидејќи потпишал нов тригодишен договор со Ефес Пилсен. Изгледаше дека најкорисниот играч во регуларниот дел од сезоната и на Ф4 турнирот во Евролигата кариерата ќе ја продолжи во НБА, сепак нема да се случи ништо од тоа.
Српскиот плејмејкер сезонава во Евролига просечно бележеше по 16,3 поени и 4,8 асистенции во сезоната во која на Анадолу Ефес му ја донесе првата титула во елитното натпреварување.
Во кариерата покрај за турскиот гигант има настапувано и за Мега, Баерн, Црвена Звезда и Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА