Ништо од новиот дуел Мбапе – Роналдо

Килијан Мбапе ќе го пропушти вечерашниот дуел со Кристијано Роналдо откако францускиот голгетер не се најде на финалниот список на селекторот Дешамп за гостувањето против Португалија.

Овој меч би требало да биде пресуден околу тоа која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата од Лигата на Нации, лекарскиот тим на Франција стори се што можеше за да ја санира повредата на мускулот на најдобриот напаѓач на „триколорите“, но на крајот беше донесен заклучок дека ризикот од нова повреда е преголем и дека Мбапе ќе мора да го следи овој меч од трибините.

Првиот натпревар меѓу Франција и Португалија што се играше во Париз заврши без голови. Во пресрет на вечерашниот дуел Франција и Португалија имаат по 10 бода, пред Хрватска со три и Шведска, која нема освоено ниту еден бод.

Се вчитува...