Јан Облак ќе продолжи да го брани голот на Атлетико Мадрид, откако челниците на ПСЖ ги демантираа гласините дека се близу до ангажман на словенечкиот репрезентативец. Облак и сезонава брани во одлична форма, а дел од медиумите шпекулираа дека преговорите со ПСЖ влегуваат во завршна фаза и „светците“ подготвуваат понуда од 100 милиони евра.
Сепак, ваквите информации утрово беа демантирани од страна на спорскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.
„Нема ниту ронка вистина. Една работа треба да е јасна, ние не се интересираме ниту за Облак ниту за било кој друг голман. Ги имаме Ареола и Трамп, третиот голман Реми Дескамп ќе се врати на терените во јануари и немаме потреба да носиме нов чувар на мрежата“ – изјави Енрике.
За очекување е францускиот гигант во јануари да биде активен само со продажба на фудбалери, се со цел да ги израмни сметките по богатите трансфери на Мбапе и Нејмар од минатото лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА