Беше 2016 година и Лионел Меси веќе владееше со светскиот фудбал. Имаше четири купа од Лигата на шампионите, осум титули шампион на Шпанија, а пет пати ја доби и „Златната топка“.
Ја водеше Аргентина до финалето на Светското првенство во 2014 година, две едноподруго финалиња на Копа Америка. Но, трофејот никогаш не дојде. А во татковината, која ја напушти толку рано, не дозволија да биде споредуван со легенда како Диего Армандо Марадона, бидејќи веќе ги знаете приказните – тој не игра за репрезентацијата како што игра за клубот.
Не беа прифатени никакви изговори, целата одговорност беше префрлена на негов грб. А по поразот во финалето на „Сентенарио“, 100-тиот турнир Копа Америка, по изведувањето на пенали во кое го промаши првиот пенал, Меси се распадна…
„Завршив со репрезентацијата. Неверојатно чувство е, но едноставно не ми функционира“, ќе рече тогаш разочараниот Меси.
Сепак, потоа целата нација се крена на нозе за да го натера да се предомисли. Секој што нешто значи во Аргентина јавно го молеше да остане. Па, и еден 15-годишник кој во тоа време беше никој и ништо. Само еден во морето талентирани Аргентинци.
Десет години подоцна, тоа момче, на асистенција на Меси, постигна гол што ја скрши Англија и ги испрати „Гаучосите“ во уште едно финале на Светското првенство.
Секако, соништата на Енцо Фернандез се остварија многу порано. Кога воопшто доби шанса да игра со идолот што точно пред една деценија го молеше да не го напушта националниот тим.
„Како можеме да ве убедиме да останете кога сме толку ужасни. Како можеме да ве убедиме кога не сме почувствувале ниту еден процент од притисокот со кој живеете на нашите рамена. Кога ќе станете наутро и ќе се погледнете во огледало, знаете дека повеќе од 40.000.000 луѓе не само што сакаат да постигнете некаков вид совршенство, туку погрешно веруваат дека можат да го бараат тоа од вас. Како можеме да ве убедиме кога не разбираме дека сте човечко суштество, личност со неспоредлив талент, најдобар фудбалер на планетата, а сепак човечко суштество. Како можеме да ве убедиме ако не застанеме ни секунда и не сфатиме дека не сте одговорни за гневот што ни го носат поразите, кои се повеќе поврзани со некои наши лични фрустрации“, се пожали анонимниот Фернандез на социјалните мрежи во тоа време.
Тие се, пред сè, навивачи на Аргентина и телохранители на Лионел Меси
Разочаран, донекаде лут што неговите сонародници не го ценеа ова фудбалско божество колку што требаше.
„Ајде да се погледнеме во огледало и да се прашаме, што би се случило ако бараме од себе еден процент од она што го бараме од човек кого дури и не го познаваме. Како ќе ве убедиме кога ни е тешко и гледаме додека целиот свет ви ласка? Кога не можеме да разбереме дека би можеле да се одмарате на плажа, наместо да трчате таму и да ги претставувате нашите бои само за некои луѓе да се фокусираат на тоа дали трчате доволно и ја пеете националната химна“.
На крајот, тогаш 15-годишниот Фернандез поентираше…
„Прави што сакаш, Лионел, но те молам размисли за останување. Но, остани за да се забавуваш, бидејќи овие луѓе ти го одзедоа тоа. Во свет на ненормален притисок, тие успеаја да ти го одземат најблагородното нешто од играта. Забавата. Како дете, сигурно си сонувал да играш за својата земја и да се забавуваш. И кога те гледам како играш за Аргентина, чувствувам најголема гордост на светот. Играј за да се забавуваш. Бидејќи немаш поим колку се забавуваме додека те гледаме како се забавуваш. Ти благодарам и жал ми е.“
Дали Меси го слушна овој апел? Секако не, во морето од слични. Но, некоја космичка карма ги среди работите така што Енцо можеше да игра со Меси. И Меси чекаше цела генерација фудбалери да пораснат подготвени да умрат за него. Заедно, тие веќе го освоија Светското првенство и две Копа Америка. А во недела, ќе се натпреваруваат со Шпанија за уште еден златен глобус.
Љубовта кон Меси и кон Аргентина на тие млади момци, во меѓувреме стана безусловна. Фернандез добро се сеќава на тоа писмо…
„Добро се сеќавам на тоа писмо. Вистина е дека беше тежок период за Аргентина… Го гледав Меси на телевизија уште од осум или девет години. Потоа видов дека работите не одат како што треба, беше срцепарателно и го напишав. Потоа застанав и замислив како го освојувам Светското првенство со него. Сосема лудо. Никогаш не зборувавме за тоа писмо, дури и не знам дали тој знае за тоа“, рече Енцо Фернандез пред само неколку дена.
А што би му напишале на Меси денес?
„Мислам дека би бил уште поемотивен, бидејќи преживеавме многу и научив толку многу со него. Тој е одлична личност, одличен фудбалер кого дури и не треба да го опишуваме со зборови. Не мислам дека една книга би била доволна денес за да се запише сè што научив од него и сите моменти што ги споделивме… Секогаш сонував да играм со него. Дури и како дете постојано ги пресметував годините, за да видам дали е можно. Вистината е дека неговото влијание е сè за нас. И, тој е многу друштвен, секогаш достапен за своите соиграчи, да дава совети. Тој е одлична личност и секако мој идол. Па, првиот пат кога бев поканет во репрезентацијата го замолив за фотографија, за секој случај.“
Аргентинците, во секој случај, не мора да ги имаат најдобрите играчи. Но, тие се меѓу најдобрите во светот. И тоа не е случајно. Нималку случајно!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
