Ништо од пензијата, Брејди се предомисли: Сфатив дека моето место е на теренот, а не на трибините!

Легендарниот квотербек, Том Брејди ќе го гледаме на терените во НФЛ лигата и во наредната сезона. Ова е последната одлука која сам тој ја објави што значи дека многу кратко траеше неговиот одмор.

Брејди и официјално се откажа од пензијата која ја најави на почетокот на месец февруари.

„Во последните два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, а не на трибините. Тоа време ќе дојде, ама не е сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Без нив ништо од ова не би било возможно. Се враќам за мојата 23-та сезона во Тампа. Имаме незавршена работа“, порача 44-годишниот Брејди на социјалните мрежи.

Брејди кој за многумина важи за најдобар играч во историјата на НФЛ лигата има освоено седум шампионски прстени, првите шест беа со Њу Ингланд, а последната со Тампа Беј, тим со кој ќе продолжи да игра во нареднава кампања.

 

 

 

Се вчитува...