Ништо од рекордниот трансфер: Црвена Звезда крена раце од Тадиќ

Црвена Звезда нема да го ангажира Душан Тадиќ во овој преоден рок откако српскиот шампион ги прекина преговорите со поранешниот капитен на Ајакс и на Фенербахче.

Тадиќ е слободен играч по истекот на договорот со Фенер, а Црвена Звезда му понуди фантастични услови и договор со богати бонуси што ќе беше апсолутен рекорд во историјата на српскиот фудбал. Голгетерот сепак предолго тактизираше, паралелно водеше преговори со уште неколку тимови, а таквото одолговлекување им дојде преку глава на челинците на Црвена Звезда, кои решија да ја повлечат понудата.

Во прилог на целата ситуација оди и фактот дека напаѓачот неколку пати јасно ставил до знаење дека се сомнева во својата улога во овој проект. „Црвено-белите“ сметаат дека сториле се за да го убедат во спротивното, но доколку Тадиќ не сака да биде дел од овој тим во нападот на место во ЛШ, нема потреба да продолжат да ја трошат енергијата на играч што не сака да биде дел од овој клуб.

Останува да се види каде Душан Тадиќ ќе ја продолжи кариерата, откако неколку клубови од Саудиска Арабија и од САД му понудија да го напушти Србинот да ја напушти Европа.

Се вчитува...