Барселона нема никакви шанси да го ангажира Мохамед Салах откако беше обелоденето дека каталонскиот гигант има потпишана забрана за ангажман на играчи од Ливерпул во наредните две години, како дел од спогодбата за трансферот на Филипе Кутињо во јануари 2018 година.
„Црвените“ долго време одолеваа на налетите на Барса во офанзивата по Бразилецот, но на крајот по бројните инсистирања на фудбалерот дадоа зелено светло за трансфер. Сепак, „Кадена СЕР“ открива дека англискиот клуб успеал да издејствува и писмено ветување од раководството на каталонскиот гигант, дека во наредните три години нема да биде ангажиран ниту еден фудбалер од „Енфилд роуд“.
Тоа бил условот на кој раководството на Ливерпул инсистирал од самиот старт на преговорите во јануари, за на крајот Барса да се согласи, и практично самиот Бартомеу да си потпише „забрана за трансфери“ од овој англиски клуб. Каталонците нема да ангажираат нови фудбалери од Ливерпул до 2021 година, практично затворајќи ја вратата за евентуален мегатрансфер на Салах по завршувањето на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА