Лук Хемфрис ја оправда улогата на фаворит во финалето на Светскиот шампионат во пикадо, каде по голема борба ја совлада сензацијата на турнирот во Лондон, Лук Литлер со 7-4, со што за прв пат стана планетарен шампион во својата кариера.
„Студената рака“, како што гласи прекарот на новиот светски шампион, одлично ја заврши сезоната собирајќи дури четири титули од големите натпреварувања. Беше најдобар на „Гранслем“, „Светско Гран При“ и „Финалиња на компјутери“, а денеска во борба со тинејџер од само 17 години се искачи на светскиот врв.
LUKE HUMPHRIES IS WORLD CHAMPION!
Darting destiny fulfilled.
The world number one gets over the line against teenage sensation Luke Littler in a thrilling final! pic.twitter.com/IP6pPaWndm
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА