Поранешниот тренер на Легија, Чеслав Михневич е нов селектор на Полска. Претседателот на полскиот фудбалски сојуз Чезари Кулеша изјави дека тренерот потпишал до крајот на 2022 година, со можност да се продолжи на уште две години.
„Верувам дека ова е најдобриот избор за предизвиците кои престојат. Размислуваме само за мисијата Москва“, напиша Кулеша.
Михневич ја напушти Легија во октомври минатата година кога клубот беше во длабока криза и на 15-тото место. Во септември со него Легија го совлада тимот на Спартак Москва со 1-0 во гости.
На 24 март Полска игра со Русија во баражот за Светското првенство. Во случај на победа, рускиот национален тим ќе се сретне до победникот од Шведска – Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА