Ништо од шокантниот трансфер во Саудиска Арабија: Де Брујне останува во Манчестер Сити

Еден од најдобрите играчи за врска, Кевин де Брујне ова лето се поврзува со сензационален трансфер во Саудиска Арабија до кој сепак нема да дојде и тој и во иднина ќе го носи дресот на Манчестер Сити, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Белгискиот репрезентативец е трансфер цел на Ал Итихад, клуб со кој наводно 33-годишникот ги договорил личните услови за повеќегодишен договор, но овие вести беа експресно одбиени.

Примарна цел за трансфер на Ал Итихад е Муса Диаби, одличниот 25-годишен Французин кој блесна во дресот на Астон Вила изминатата сезона.

Се вчитува...