Првата фудбалска лига на Македонија речиси сигурно ќе брои 11 клубови, откако Ренова не успеа да најде начин да се спаси и да продолжи да се натпреварува во елитното фудбалско друштво. „Гипсарите“ пред околу еден месец најавија тотален колапс, но потоа беше обелоденето дека се вршат напори за да се најде инвеститор што ќе раководи со тимот во наредната сезона.
Преговорите траеја долго, но според последните информации не вродија со плод, компанијата од Австрија која беше заинтересирана за соработка се повлекла од разговорите, со што пропадна и последната „сламка на спас“ за поранешниот првак на Македонија. Како што јавува телевизијата на албански јазик „Клан“, многу извесно е дека Ренова и дефинитивно ќе исчезне од фудбалската мапа на Македонија, за што се очекува и официјално соопштение од клубот во наредните денови.
Со оглед на фактот дека веќе беше извршена ждрепката и утврден е календарот за натпреварување, јасно е дека Првата лига во новата сезона ќе брои само 11 клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

